За нас
Уште од 2005 година потрошувачите го искажуваат задоволството со нашата богата понуда на производи со кои ги следиме светските трендови во градежништвото. „Елкотехна“ е синоним за лојалност кон потрошувачите. Разбирајќи ги и анализирајќи ги потребите на македонскиот граѓанин, ја започнавме успешната приказна со увоз на водоотпочна шперплоча за бетонско шаловање. Низ годините на развој, создадовме асортиман на производи, кои по својот квалитет и изработка се издигнуваат над конкуренцијата на македонскиот пазар.

Компанијата „Елкотехна“ негува политика која гарантира водечка позиција во понудата на производи од оваа бранша. Вербата на производителите и верноста на потрошувачите ја стекнуваме преку директниот увоз и застапништвото за сите материјали што ги нудиме на пазарот. Филозофијата на успешно опстојување на „Елкотехна“ е заснована на континуирано следење на глобалните трендови во градежништвото, преку овозможување на предлози и решенија кои ќе ги задоволат очекувањата на потрошувачите.

Горди сме на фактот дека од крајот на 2014 година во Македонија донесовме бренд на шперплоча кој по сите карактеристики ги задоволува најстрогите стандарди во овој сегмент. Во период од една година се реализираа многу успешни проекти, се изградија голем број на згради, се заменија подови на голем број платформи, приколки и комби возила, се изработија интересни парчиња мебел, со други зборови овој производ најде широка примена со одличен фидбек! Се работи за брендот GARMEN кој под тоа име ексклузивно се произведува за Елкотехна, лидер за шперплочи на македонскиот пазар.

На патот кон исполнување на нашата стратегија за развој, професионалниот тим на „Елкотехна“ е секогаш тука за Вас со искрена желба да ви олесни во изборот.