Продукти
Низ годините, создадовме асортиман на производи кои по својот квалитет и изработка се едни од најквалитетните кои се нудат на нашиот пазар
Оплатол - концентрат
Високо квалитетен лубрикант кој гарантира лесно отстранување од бетонот со што се продолжува векот на оплатите. Површината третирана со овој препарат, е заштитена со слој заштитен филм (емулзија) кој дава одлични резултати во процесот на рашалување на оплатата. Овој производ е биоразградлив, и е во согласност со последните регулативи за заштита на околината 2003/53/EEC.
Се произведува во 2 типа:

- за премачкување само на дрвени површини и
- за дрвени и метални површини (на пр.кога се користи системска оплата).